ЗА НАС

ДСЗУ"Кузман Шапкарев" е вклучено во повеќе проекти со цел осовременување на наставниот процес. Воедно повеќе наши наставни кадри се овластени обучувачи на наставниците ширум нашата држава.

повеќе
...



 

Ние сме воспитно-образовна институција за оспособување на стручни кадри од областа на земјоделијето и ветерината во Битола и југозападниот дел од Р.Македонија.


ДСЗУ
"Кузман Шапкарев"
датира од 1908 година кога е основано од Турската империја како сточарска станица.

За време на Балканските војни и Првата светска војна прекинува со работа, за потоа прво да работи како нижо, а потоа како средно земјоделско училиште.
 

Мал прекин во работата има и за време на Втората светска војна под Бугарска окупација.

Од 1945 година работи континуирано. Во училиштето работи соодветен стручен кадар.
Училиштето до сега го завршиле над 3000 ученици од земјоделската и ветеринарната струка. Оваа година предвидено е да се запишат ученици од следните профили:
 

ветеринарен техничар;    техничар за фармерско производство;
техничар за хортикултура;    лозаро-винарски техничар;
техничар за земјоделска техника;


КАКО ВИ СЕ ДОПАЃА ИЗГЛЕДОТ НА НАШАТА СТРАНИЦА? ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР ОВДЕ...(НОВ ПРОЗОРЕЦ)

© ДСЗУ "КУЗМАН ШАПКАРЕВ" - Битола                                                                      design by MASSIVA COMPUTERS